Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри дека криминалот за којшто се сомничат приведените во денешната акција на полицијата, тежи околу 6,5 милиони евра и оти во него биле инволвирани високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти.
„Од информациите коишто јас ги имам, од МВР, БЈБ и останатите коишто работат на овој случај, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти коишто се здружиле и за коишто постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на Обвинителството и судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност“, рече Мицкоски.