Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.
„Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите“, напиша Мицкоски во објавата.
Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
TRT Balkan / агенции