Мицотакис се заблагодари за топлиот и пријателски пречек / Photo: AA

Окпкружувањето на разбирање и односите со Туркије постојано се развива на попозитивен начин, изјави во понеделник грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, каде што пристигна во еднодневна работна посета, Микотакис рече дека билатералните односи напредуваат на три нивоа: политички дијалог, позитивна агенда и мерки за градење доверба.

„Верувам дека ова е позитивен потег во тешко време за меѓународниот мир, но и за поширока стабилност во нашиот регион“, рече грчкиот премиер.

За соработката во решавањето на нерегуларната миграција, Мицотакис рече дека Атина поддржува поголема помош од ЕУ за Туркије, која страда од овој проблем.

Мицотакис истакна дека Анкара и Атина се согласуваат за запирање на насилството во Газа, но имаат различни ставови за тоа како да се карактеризира Хамас.

Мицотакис рече дека тие го сметаат Хамас за терористичка организација, додека Туркије вели дека палестинската група Хамас е „организација на отпорот“ која се бори против израелската окупација.

„Но ние се согласуваме дека насилството во регионот треба да престане и цивилите во Газа мора да бидат заштитени“, рече Мицотакис, додавајќи дека каква било копнена операција во Рафах е неприфатлива.

Мицотакис се заблагодари за топлиот и пријателски пречек од турската делегација.

Тој пристигна во Анкара во работна посета и имаше средба со Ердоган.

Разговорите меѓу лидерите се фокусираа на билатералните односи меѓу Турција и Грција и чекорите за развој на соработката.

AA
Популарни