По најавата на државното обвинителство дека е покрената истрага поради „протекување“ информации од истрагата за корупцискиот скандал и апсењето на разрешениот министер за здравство Вили Берош, се огласи претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој повтори дека ќе помилува секој што е осуден според изменетиот Кривичен законик, попознат како „Лекс АП“.
„Зборував и предупредив, а сега се случува- главниот обвинител Иван Турудиќ контролира и спречува истраги за заштита на самоуправата на Андреј Пленковиќ. Наместо да истражува корумпирани министри поврзани со криминална организација, Турудиќ ги истражува оние кои откриваат корупција. Иако никогаш не сум го користел уставниот институт за помилување, не грижете се - ќе помилувам секој што ќе биде осуден поради Лекс АП“, напиша Милановиќ на Фејсбук.
„Лекс АП“ беше усвоен во март минатата година во хрватскиот парламент и покрај големото противење на опозицијата и медиумите, кои го нарекоа „закон за лоши намери“.
Законот предвидува санкционирање на сите оние кои јавно изнесуваат информации од истраги. Милановиќ и тогаш изјави никој да не е загрижен, дека ќе помилува секој што е осуден според тој закон.
На оваа истрага и претходеше одлуката на шефот на ДОРХ, Иван Турудиќ, Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал да ја преземе истрагата за случајот на корупција во здравството и апсењето на Берош од Европското обвинителство (ЕППО) во Хрватска, што наиде на неодобрување и во редовите на опозицијата и медиумите.