Милатовиќ: Црна Гора нема да ја повлече одлуката за независноста на Косово / Photo: AA

„Не е реално да се очекува „отпризнавање“ (на независноста) на Косово и тоа е работа која е многу јасна“, рече Милатовиќ во телевизиско интервју, кое го пренесоа медиумите во регионот.

Милатовиќ вели дека поддржуваат сѐ, што ќе договорат Белград и Приштина и смета дека нормализацијата на односите на Белград и Приштина би била значајна за сите земји во регионот.

„Во таа смисла Црна Гора сака да биде добар сосед кој ќе ги промовира добрососедските односи“, додаде тој.

Новоизбраниот црногорски претседател истакна дека сака најдобри можни односи со Србија, напоменувајќи дека тоа го ставал во фокусот и додека бил министер за економски развој. „Србија е најголема земја од Западен Балкан и потполно природно е да следува мојата посета на Србија по повикот на (претседателот на Србија) Вучиќ“, рече Милатовиќ.

Неговата прва посета ќе биде во Брисел, бидејќи, како што повтори, Црна Гора „вистински се движи кон ЕУ.“ Милатовиќ нагласи дека му е „важно сите тие посети да резултираат со опипливи резултати за граѓаните и стопанството“.

TRT Balkan / агенции
Популарни