Милатовиќ победник на претседателските избори во Црна Гора / Photo: AA

Кандидатот на Движењето Европа сега (Покрет Европа сад) Јаков Милатовиќ победи на претседателските избори во Црна Гора, освојувајќи во вториот круг 58,9% од гласовите, покажуваат податоците на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), врз основа на 100 отсто од обработениот примерок.

Според податоците на ЦДТ, за претседателски кандидат на Демкратската партија на социјалистите (ДПС) и актуелниот претседател на државата Мило Ѓукановиќ гласаа 41,1 отсто од гласачите.

Во вториот круг од претседателските избори гласаа околу 383 илјади гласачи, односно 707, отсто. Гласачко право на изборите имаа 542.154 граѓани.

Јаков Милатовиќ прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора AA

Милатовиќ: Црна Гора направи решителен чекор напред

Црна Гора направи решителен чекор напред, кон европска, поубава и поправедна држава, рече новоизбраниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ.

Тој на прес-конференцијата рече дека ова е победа на помирената Црна Гора.

„Вечерва Црна Гора направи еден решителен чекор напред, го кажа пресудното збогум на режимот на Мило Ѓукановиќ. Црна Гора направи чекор напред кон европска, поубава, поправедна Црна Гора“, рече Милатовиќ.

Ова е, како што нагласи тој, голема, историска победа. Тој им заблагодари на сите граѓани кои излегоа и гласаа и така „дополнително дадоа легитимитет на овој демократски процес“.

„Вечерва минатото го оставаме во минато. Силно чекориме во иднината. Ова е еден историски ден за сите нас“, порача Милатовиќ.

Тој ги повика сите вечерва „достојанствено да ја прослават победата“.

„Никогаш повеќе нма да не осиромашуваат, да не делат и нема да ја заробуваат државата со криминалот и корупцијата. Ние вечерва сите заедно рековме Црна Гора да оди напред, да оди кон богатство, кон земја на правдата, помирување и заедништво. Јас, како претседател на Црна Гора, заедно со сите вас во наредните пет години ќе ја воведам Црна Гора во ЕУ“, истакна Милатовиќ.

Исто така, додаде дека никогаш повеќе од Црна Гора „нема да има расправии кон било која земја од Западен Балкан, кон нашите соседи“.

„Црна Гора сака најдобри односи со сите земји од Западен Балкан. Сакаме заеднички да се согласуваме и напредок во европски Западен Балкан“, нагласи Милатовиќ.

Сакаат да се бават, како што рече, со теми од животно значење.

„Со владеењето на правото, економија и европски интеграции. Тоа се нашите клучни приоритети“, рече Милатовиќ.

Мило Ѓукановиќ го призна поразот на изборите AA

Ѓукановиќ го призна поразот на изборите

Актуелниот претседател на Црна Гора и кандидатот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ му ја честиташе на Јаков Милатовиќ победата на претседателските избори.

Ѓукановиќ на прес-конференцијата рече дека Црна Гора го кажала својот избор и дека тој го почитува судот на граѓаните.

Тој на Милатовиќ му посака да биде успешен претседател.

„Доколку тој биде успешен претседател, тоа значи дека и Црна Гора може да биде успешна држава“, порача Ѓукановиќ.

Меѓу другото, Ѓукановиќ им се заблагодари на сите граѓани кои придонеле во Црна Гора да биде спроведен демократски и кредибилен изборен процес, кој придонесува за меѓународниот углед на државата.

Ѓукановиќ им се заблагодари на граѓаните кои нему му ја дале довербата, додавајќи дека секој глас го цени.

„За мене секој глас е важен како планина, бидејќи да се сочуваат по 30 години власт не е едноставно“, рече Ѓукановиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни