Патот може да ни е долг, но дестинацијата ни е конечна. Ние сме ЕУ, изјави Муртезани / Photo: Министерство за Европски прашања

На денешната седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, а за заменик на главниот преговарач е назначена заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков.

На оваа седница исто така беше задолжено Министерството за европски прашања да подготви нова одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

„Привилегија е да работам за европската иднина и стандард на живеење на моите сограѓани рамо до рамо со нашите стратешки партнери. На денешната седница на Влада бев назначен за главен преговарач со Европската Унија, задача која јас ја земам со голема одговорност и чест. Патот може да ни е долг, но дестинацијата ни е конечна. Ние сме ЕУ!“, напиша Муртезани на социјалните мрежи.


TRT Balkan / агенции
Популарни