Министерот за европски прашања Муртезани во посета на Будимпешта / Photo: Министерство за Европски прашања

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија Орхан Муртезани, на покана на унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, денеска престојува во работна посета на Унгарија.

На средбата во Будимпешта предвидено е да се разгледаат можностите за унапредување на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, за време на актуелното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ.

Ќе се разговара и за билатералната соработка и нејзино продлабочување преку заеднички проекти, како и за планот за раст и реформската агенда и регионалните иницијативи.

TRT Balkan / агенции
Популарни