Џачка и Ал Нахјан се фокусирале на придонесот што двете земји го даваат за време на нивната служба во Советот за безбедност на ОН       Фото: АА

Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, го пречека на средба во Тирана министерот за надворешни работи и меѓународен развој на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеик Абдула бин Зајед ал Нахјан.

Во соопштението на МНР на Албанија се вели дека во мултилатералниот план за соработка, Џачка и Ал Нахјан се фокусирале на придонесот што двете земји го даваат за време на нивната служба во Советот за безбедност на ОН, „како две членки држави кои соработуваат и претежно споделуваат слични интереси и оценки за повеќето кризи кои се на агендата на Советот за безбедност на ОН“.

„Министерката Џачка го оцени позитивниот напредок на односите меѓу двете земји и особено интензивирањето на соработката на економски план, преку конкретни инвестиции, неодамна постигнатиот договор со ОАЕ за укинување на визите за албанските граѓани кои ги посетуваат ОАЕ, почнувајќи од 19 април 2023 година, и нивната поддршка во областа на кибербезбедноста“, се истакнува во соопштението.

Во соопштението се нагласува дека шефовите на дипломатиите на двете земји размениле мислења и за случувањата во соодветните региони, „потенцирајќи дека духот на решавање на конфликтите преку преговори е суштински придонес за регионалниот мир и безбедност и пошироко“.

AA
Популарни