Mинистерот за трговија на Туркије, Омер Болат утре ќе пристигне во официјална посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари неколку средби и ќе учествува на бизнис форумот Туркије - Северна Македонија, дознава Анадолу.
Министерот Болат прво ќе се сретне со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.
За време на посетата министерот Болат ќе биде примен од премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, а подоцна ќе присуствува и на бизнисфорумот Туркије - Северна Македонија.
Се очекува по форумот Болат и Мицкоски да присуствуваат на тркалезната маса на која ќе учествуваат турски договорни компании и ќе се разговара за можностите за соработка.
Во рамките на посетата состанокот на Советот на турскиот бизнис во светот – Северна Македонија со учество на турски бизнисмени што работат во Северна Македонија, ќе се организира вечера чиј домаќин е Стопанската комора на Македонија и Туркије (МАТТО).
Интензивната програма на министерот Болат има цел да придонесе за поголем развој на односите помеѓу Туркије и Северна Македонија.