Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Туркије, Јашар Ѓулер вчера за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи.
„Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој“, соопшти македонското Министерство за одбрана.
Како што се наведув во соопштението, на средбата, министерот Мисајловски упати голема благодарност за „континуираната поддршка од страна на сојузничка Туркије која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армија и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО.“
Во рамки на вчерашните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армијата и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави.
За време на дводневната посетата на Република Туркије, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.