Денес со колективен погреб на посмртните останки ќе бидат испратени 50 жртви на геноцидот     Фото: АА

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека геноцидот во Сребреница е еден од најтемните настани во модерната европска историја..

„Оваа трагична годишнина е и потсетник дека мора да работиме заедно за мир во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од Европската унија“, напиша Мишел на Твитер по повод одбележувањето на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Тој исто така рече дека „нашите срца и мисли се со жртвите и нивните семејства“.

Во рамките на одбележувањето на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, вчераутро во Поточари е реализиран меморијален лет на гулаби.

Денес со колективен погреб на посмртните останки во нивниот вечен дом ќе бидат испратени 50 жртви на геноцидот. Ковчезите пристигнаа во Поточари во петокот, кога семејствата и граѓаните во солзи се простија од своите најмили.

На гробиштата на Меморијалниот центар во Сребреница – Поточари досега се погребани 6.671 жртва на геноцидот извршен од тогашната Војска на Република Српска под команда на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ извршен против Бошњаците во 1995 година во Сребреница.

AA
Популарни