Огромно мнозинство млади грчки лекари се незадоволни од националниот здравствен систем во земјата.
Речиси половина од лекарите се изјасниле дека се незадоволни од здравствениот систем, а уште поголем е процентот на млади лекари (85,7 %) што изразиле незадоволство, пишува весникот „Катимерини“, повикувајќи се на неодамнешното истражување спроведено за Панхеленската лекарска асоцијација.
Истражувањето, сепак, покажува дека граѓаните се попустливи кон системот, а од нив 41,5 отсто изразиле задоволство наспроти 31,2 отсто што биле незадоволни. Други 26,3 отсто не биле ниту задоволни ниту незадоволни од системот.
Исто така, според истражувањето, жените, лицата на возраст од 25 до 44 години и лицата на возраст од 65 и повеќе години се најзадоволни од здравствените услуги, додека луѓето на возраст од 45 до 64 години се најнезадоволни.