На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија беше усвоен заклучок со кој, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда. / Photo: ФБ профил на министерот Орхан Муртезани

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија беше усвоен заклучок со кој, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда.

На Седницата, исто така, беше утврден предлог – Моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со која пак се дефинира Реформската агенда на Северна Македонија, како и од нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст и нацрт-Договорот за заем.

Со овој предлог-Модел, Министерството за европски прашања во координација со надлежните институции, треба да ги преземе неопходните чекори за операционализација на структурата што вклучува подготовка на сите процедури, упатства, насоки и други документи за мониторинг, известување и евалуација, како и јавна внатрешна финансиска контрола и ревизија, за спроведување на Реформската агенда.

По утврдувањето на текстот на Нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст, Владата го овласти министерот Муртезани да го потпише истиот.

TRT Balkan / агенции
Популарни