Милан Радоичиќ, функционерот на Српска листа кој призна дека ја организирал групата која во нападот на 24 септември уби припадник на Косовската полиција кај селото Бањска, приведен е и одреден му е притвор од 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Радоичиќ е приведен во Белград по претресот на станот и другите простории.
Во соопштението се наведува дека „на 3 октомври полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршиле претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, на кој му е одредено полициско задржување до 48 часа“.
Врз основа на кривична кријава, приведен е во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Радоичиќ претходно призна дека лично ја организирал групата вооружени напаѓачи кои се одговорни за судирот на северот на Косово и дека за својата намера не известил никого.
Радоичиќ е снимен со дрон од Косовската полиција во манастирот Бањска.