Цената на природниот гас порасна за 332 отсто во однос на минатата година     Photo: AA

Повеќе од 800.000 луѓе во Грција се пријавиле за надоместок за греење на повикот што го објави Владата. Пакетот за поддршка беше објавен на почетокот на овој месец по наглото зголемување на цените на енергијата во земјата.

Лицата кои ќе имаат право на помош ќе добијат надоместок од 100 до 800 евра. Оние кои живеат во планински предели ќе имаат право на надоместок од 1.000 евра.

Но, опозициските партии предупредија на недостатоците во буџетот. Опозицијата тврди дека за греење се издвоени само 300 милиони евра наспроти ланските 714 милиони евра Грција е една од европските земји каде што трошоците за живот значително се зголемени, пред се поради руската војна во Украина.

Статистичката агенција ЕЛСТАТ во октомври објави дека цените на природниот гас забележале рекорден раст од дури 332 отсто во однос на минатата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни