14 лица загинале во поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, додека смртен случај е потврден и во Фојница / Photo: AA

Најмалку 15 лица загинаа во текот на ноќта и утрото во поплавите во Босна и Херцеговина.

Според официјалните информации од надлежните институции, 14 лица загинале во поплави и одрони на подрачјето на Јабланица, додека смртен случај е потврден и во Фојница.

Имено, при увид на оштетените предмети во куќата во Дусина во Фојница, пронајдено е безживотно тело на постара жена. Истрагата засега не е можна поради непристапен терен, посочија од полицијата.

Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто ги покани членовите на Советот на министри на Босна и Херцеговина да подготват итна итна седница за помош на настраданите од поплавите и санација на последиците, која е во тек.

„Советот на министри на БиХ ќе ги активира сите расположливи механизми, вклучително и оперативниот центар на ЕУ“, објави Советот на министри на БиХ.

Кришто ги повика земјите и регионите на ЕУ да и пружат итна помош на Босна и Херцеговина, се вели во соопштението на Советот на министри на БиХ.

„Според информациите кои доаѓаат од надлежните органи од сите нивоа на власта, најпогодена е Јабланица, која е отсечена од сообраќај, заедно со делови од Коњиќ, како и подрачјето на централна Босна, каде Кисељак, Крешево и Фојница се најпогодени“, се наведува и се додава:

„Претседателката Кришто упати најдлабоко сочувство до семејствата и роднините на жртвите и ја истакна помошта на Советот на министри на Босна и Херцеговина за оние кои се директно материјално погодени или се уште се загрозени на кој било начин.

AA
Популарни