Македонското еколошко друштво (МЕД) доцна синоќа лоцираше нова женка рис која била пронајдена на планината Буковиќ во близина на Стража.
Животното кое го доби името Луна е пронајдено во кафез-замка која била направена минатата недела, а поставена пред само три дена.
„Тешка е 18 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода “ - информираат од МЕД.
Балканскиот рис е најреткиот од деветте подвида на евроазискиот рис и исклучиво го населува Балканот. Во природа постојат околу 100-ина возрасни единки, од кои најголем број живеат токму во македонските шуми.
Балканскиот рис е национален симбол на Северна Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.