Во дворот на сириската амбасада во Белград од неделата се вее новото сириско знаме, зелено-бело-црна тробојка со три ѕвезди, кое го користеше сириската опозиција.
Тоа е знамето кое Сирија го користеше по стекнувањето независност од Франција, а кое за време на граѓанската војна го користеше сириската опозиција која сакаше да се дистанцира од сирискиот режим на Башар ал Асад.
Граѓаните на Сирија и поддржувачите на сириската опозиција се собраа во неделата во сириската амбасада во Белград за да го одбележат соборувањето на Башар ал Асад. Во дворот на амбасадата тие истакнаа ново знаме, она што го користи сириската опозиција.
Сириските бунтовници влегоа во Дамаск во неделата, ставајќи крај на децениското владеење на семејството Асад.
TRT Balkan / агенции