Новиот електронски систем ЕЕS ќе се применува за патниците со краткорочни визи како и за оние на кои не им е потребна виза за престој од 90 дена во „Шенген зоната“ на ЕУ.     Фото: АА / Photo: AA

Европската комисија (ЕК) потврди дека од 10 ноември во земјите од „шенгенската зона“ на Европската унија (ЕУ) ќе стапи во сила електронската пасошка контрола на влегување и излегување на патниците кои не се државјани на Унијата. Малта и Ирска, како што е наведено, и понатаму ќе ја задржат граничната проверка и внесување печат во пасошите. Како што објасни еден функционер на ЕК, целта е на границите да се забрза проток и надзор на патници од земјите надвор од ЕУ, бидејќи директната проверка на пасоши ќе се замени со електронски автоматскиот систем EES.

Функционерот на ЕК исто така изјави дека во пролетта 2025 година ќе стапи на сила системот ETIAS, кој ќе ги обврзе патниците од земјите кои не се членки на ЕУ на кои не им е потребна виза претходно да аплицираат онлајн и да добијат одобрение од ЕУ за тоа патување во „Шенген зоната“.

ЕК претходно најави дека новиот електронски систем ЕЕS ќе се применува за патниците со краткорочни визи како и за оние на кои не им е потребна виза за престој од 90 дена во „Шенген зоната“ на ЕУ.

Последново јасно се однесува на граѓаните на земјите од Западен Балкан, кои можат да останат 90 дена во „Шенген зоната“ на ЕУ еднаш во рок од шест месеци.

EES нема да се применува за граѓаните на ЕУ

Новиот систем ќе почне да функционира со пасошка контрола земајќи отпечатоци од прсти и фотографирање на споменатите патници од земји кои не се членки на ЕУ кога ќе пристигнат на „Шенгенската граница на Унијата“ за прв пат од 10 ноември.

Овие податоци одат во базите на податоци на ЕУ и ќе важат три години.

Во тој период ќе се применува само електронска контрола на влез и излез на патници во и од ЕУ, што значи без печат на пасошите.

Во информацијата на ЕК се потсетува дека членки на „Шенген зоната“ се ЕУ и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Објаснето е и дека системот ЕЕS нема да се применува за граѓаните на ЕУ, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ кои имаат лични карти и постојан престој во Унијата, како и оние кои имаат долгорочни визи.

Ова исто така важи и за патниците со пасоши на Андора, Сан Марино, Ватикан и Светата столица.

TRT Balkan / агенции
Популарни