На испраќањето на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од аеродромот во Белград присуствуваше и турскиот амбасадор во Србија, Хами Аксој.        Фото: АА

Од белградскиот Аеродром „Никола Тесла“ синоќа е испратен авион со втор контингент помош од граѓаните на Србија во регионот погоден од земјотресот во Туркије.

Првиот контингент помош со карго авион на „Туркиш ерлајнс“ беше испратен во Адана на 10 февруари.

На испраќањето на авионот на „Туркиш ерлајнс“ од аеродромот во Белград присуствуваше и турскиот амбасадор во Србија, Хами Аксој.

„Од Белград се пратени 2.724 вентилаторски греалки до нашите браќа во Газиантеп. Бескрајно ви благодариме на сите вклучени во акцијата“, напиша Аксој на својот профил на Твитер.

Меѓу највисоките приоритети во моментов е испраќање греалки за луѓето кои престојуваат во шатори, како и ќебиња, вреќи за спиење, хигиенски средства и прехранбени производи.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки тимови сѐ уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во земјотресите во јужна Туркије загинаа 35.418 луѓе. По двата разорни земјотреси регистрирани се уште 3.170 помали потреси. На терен работат 35.249 припадници и членови на различни институции од Туркије и меѓународни спасувачки екипи. Од другите земји на терен се 9.456 лица.

AA
Популарни