Неформалната црногорска студентска група „Каде утре? најавија дека од понеделник, 3 февруари, ќе блокираат по еден пат во Црна Гора секој ден до понатамошно известување, додека не се исполнат нивните барања, објавија локалните медиуми.
Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ, откако, според нив, ништо не е преземено за да се спречи повторување на злосторствата како она во Цетиње на 1 јануари на оваа година.
„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17:26 часот. За точната локација ќе информираме во 16:26 преку нашите мрежи. Сите на улиците. Сите за нашата безбедност утре“, соопшти вчера групата преку платформата X.
Во организација на „Каде утре? во саботата вечерта беше организирана блокада на мостот „Блажа Јовановиќ“ во Подгорица која траеше од 17:26 до 18:30 часот.
Причина за протестот е масакрот на Цетиње на 1 јануари кога Aцо Мартиновиќ застрелал 12 сограѓани, а потоа се самоубил.
Тој ранил уште четири лица, од кои едното подоцна починало во Клиничкиот центар во Црна Гора.