Османи го пречека новиот турски амбасадор во Северна Македонија / Photo: Фејсбук профил на министерот на РСМ за надворешни работи Бујар Османи

Туркије назначи нов амбасадор во Северна Македонија.

Амбасадорот Фатих Улусој ќе ја претставува турската држава во Северна Македонија, а денеска беше пречекан од министерот за надворешни работи на оваа земја, Бујар Османи.

Министерот Османи преку објава на социјалната мрежа Фејсбук го пофали придонесот на Туркије за Северна Македонија.

„Му посакав добредојде на новиот амбасадор на Турција (Туркије) во нашата земја, Фатих Улусој. Турција (Туркије) беше првата земја што испрати амбасадор по независноста, а денес сме стратешки партнери и сојузници во НАТО“, истакна Османи.

Исто така, министерот Османи го потенцираше традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

„Заемна подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели од Стратегијата за зајакнување на билатералните односи, кои се во духот на традиционално пријателство и партнерство меѓу двете земји“, напиша Османи.

Фатих Улусој, назначен од Претседателството на Република Туркије за амбасадор во Северна Македонија, претходно беше амбасадор во Ријад, Саудиска Арабија.

Претходно, амбасадор на Туркије во Северна Македонија во периодот од септември 2019 година до сега беше Хасан Мехмет Секизќок.

TRT Balkan
Популарни