Османи и Бегај: Косово и Албанија посветени на демократијата и мирот / Photo: AA

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска го угости претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во Косово за да учествува на прославата на 15-годишнината од независноста на Косово, на 17 февруари.

Бегај и честиташе на Османи и на граѓаните на Косово за 15 годишнината од независноста на Косово и истакна дека Албанија секогаш ќе биде со Косово, придонесувајќи за неговата меѓународна позиција.

Османи истакна дека Косово ја слави 15-годишнината од својата државност соочено со предизвиците, но решено да оди напред во зајакнувањето на државата и посветено на евроатлантскиот пат.

„На 15 годишнината од независноста со почит се сеќавање на сите оние кои придонесоа за слободата, независноста и градењето на државата, од архитектот на државата Косово, историскиот претседател доктор Ибрахим Ругова до ќерките и синовите на ОВК, предводени од легендарниот командант Адем Јашари, од кои многумина херојски паднаа за слободата и Републиката“, нагласи Османи.

Односите на Косово и Албанија лидерите ги оценија не само како пријателски, туку и братски, па ветија дека ќе се посветат на нивно интензивирање.

Во тој контекст, Османи ја истакна потребата од понатамошна координација и усогласување, особено во областите на надворешната политика и ја нагласи потребата Албанија да биде силен глас на Косово во институциите во кои Косово моментално нема претставници.

Констатирано е и дека Косово и Албанија заеднички се ангажирани и посветени на заштита на демократијата, мирот и слободата и дека стабилноста на регионот е од витално значење за да двете земји го продолжат својот европски пат.

TRT Balkan / агенции
Популарни