Пахор: Ако зад настаните во Косово стои Србија, тоа е знак дека останува во сфера на Москва / Photo: AA

Поранешниот претседател на Словенија Борут Пахор на конференцијата во Будва, на панел-дискусијата посветена на Западен Балкан, рече дека сепак треба да се почека што ќе покаже независната истрага во врска со случувањата од 24 септември во селото Бањска.

Поранешниот претседател на Словенија Борут Пахор, порача дека би бил многу разочаран доколку истрагата покаже дека зад последните случувања на северот на Косово стои официјалната српска политика.

Пахор на конференцијата во Будва, на панелот посветен за иднината на Западен Балкан, рече дека сепак треба да се причека што ќе покаже независната истрага во врска со случувањата од 24 септември во селото Бањска.

„Не знам што точно се случи, мораме да видиме истрагата што ќе покаже. Но, доколку се испостави дека зад сето тоа стои Србија, тоа би значело дека дошло до одлуката во Белград дека нема место во ЕУ, туку да останува во интересна сфера на Москва. Тоа би била жална вест и би бил многу разочаран, доколку би се дознало дека зад сето тоа стои официјална српска политика“, рече Пахор.

Тој повика на продолжување на дијалогот помеѓу Приштина и Белград.

„Верувам дека ќе се продолжи со дијалогот и останувам при ставот за проширување на ЕУ на целиот Западен Балкан“, рече Пахор.

TRT Balkan / агенции
Популарни