Пахор во Анкара: Западен Балкан е изложен на руските апетити     Фото: АА

Колку подолго ќе трае процесот на проширувањето на Европската Унија (ЕУ), толку земјите на Западен Балкан повеќе ќе бидат изложени на руските апетити, затоа ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земји од овој регион каде ризикот уште постои. Ова го изјави претседателот на Словенија, Борут Пахор, во обраќањето на 13. Конференција на амбасадори во Анкара.

Во својот говор, Пахор рече дека руската војна против Украина „од темел ја поткопа и онака кревката доверба помеѓу Западот и Русија. Истакна дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина била изненадувачка и разочарувачка.

Говорејќи за добрите односи помеѓу Словенија и Русија подолго од 15 години од почетокот на војната во Украина на 24 февруари, Пахор рече дека неговата земја „никогаш не се чувствувала загрозена од Русија“, додека „пријателите од источна Европа, Русија секогаш ја опишувале како директна или индиректна закана за нивната безбедност“.

Меѓутоа, како што рече Пахор, војната ги смени нивните врски со Русија.

Словенечкиот лидер рече дека со моменталната ситуација предизвикана од војната „развојот на новата блоковска поделба се чити речиси неизбежен“.

„Во новата геополитичка поделба, Западен Балкан ќе биде дел од западниот свет. Но тоа зависи од Брисел колку и од земјите од Западен Балкан. Колку подолго ќе трае процесот на проширување на ЕУ, овие земји повеќе ќе бидат изложени на руски апетити, или барем зголемувањето на руското влијание“, рече Пахор, истакнувајќи го притоа „виталното“ значење на Босна и Херцеговина.

Пахор рече дека ризикот на Западен Балкан и во БиХ се уште посоти и дека ЕУ мора да ги забрза процедурите за прием на земјите од овој регион.

„Се обидувам да направам сѐ што е во моја моќ да ги уверам ЕУ и Западот (Босна и Херцеговина) да ја прифатат во ЕУ по брза процедура, а ако е можно и во НАТО“, рече Пахор.

AA
Популарни