Пахор: Западен Балкан може да биде наредното прашање на мирот во Европа     Фото: АА

Претседателот на Словенија Борут Бахор на отворањето на 17-тото издание на Бледскиот стратешки форум (БСФ) ја повика Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, на Босна и Херцеговина (БиХ) да и доделат кандидатски статус за влез во Европската Унија (ЕУ) без никакви дополнителни услови до крајот на оваа година.

Пахор предупреди на опасноста од нови блоковски поделби во Европа и светот, како последица од нападите на Русија врз Украина. Пахор и претходно повика на забрзување на евроинтеграциите на Босна и Херцеговина, а Бледскиот стратешки форум и присуството на Фон дер Лaјен го искористи уште еднаш да се врати на оваа, за него, многу важна тема.

„Западен Балкан би можел да биде наредното прашање на мирот и безбедноста во Европа“, предупреди Пахор и додаде:

„Во тој контекст, Босна и Херцеговина има клучна важност. Словенија прави се што е во нејзина моќ да ја увери ЕУ и Западот да го забрза патот на БиХ кон ЕУ и ако е можно кон НАТО. Доколку конфликтот во БиХ ескалира тоа може да има последици по безбедноста на државата, регионот и за Европа. Сега е време да го разбереме и да го решиме овој проблем. Затоа, моја драга пријателке Фон дер Лејен, сакам да ви пренесам дека Словенија предлага БиХ да добие кандидатски статус оваа година, ако е можно без било какви услови.“

На отворањето на Бледскиот стратешки форум на присутните им се обрати и Тања Фајон, министерка за надворешни работи на Словенија, која ја истакна важноста на единството и солидарноста во рамките на ЕУ.

Според нејзиното мислење, тие не можат да се градат на најмал заеднички именител, туку мораат да бидат засновани на заеднички европски вредности.

„Новата реалност ги диктираше главните теми на овогодишниот форум. Тоа се стратешките предизвици кои ги донесе војната во Украина“, рече Фајон и истакна дека „не сакаме нова железна завеза во Европа, но дека за жал не можеме да направиме многу за да тоа го спречиме.“

Бледскиот стратешки форум (БСФ) се одржува под називот „Владеење на моќта или моќта на правото“, а посебно ќе го одбележат разговорите за кризата на мултилатералниот поредок и последиците на рускиот напад на Украина.

Првиот ден од БСФ ќе се одржи дискусија на лидерите и дебата под називот „Како до многу Европа во Европа?„, во која помеѓу останатите ќе учествуваат и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушголу, а модератор на дебатата ќе биде министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

На форумот во Блед, учествува и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.


Се очекува дека на маргините на БСФ ќе се одржат бројни билатерални состаноци.

AA
Популарни