Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Варшава со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Полска, Анджеј Дуда, со што започна неговата дводневна официјална посета на оваа земја.     Фото: Кабинет на претседателот на Северна Македонија

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Варшава со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Полска, Анджеј Дуда, со што започна неговата дводневна официјална посета на оваа земја.

Според соопштението на претседателскиот Кабинет, Пендаровски остварил тет-а-тет средба со Дуда, на која биле потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави.

„Теми на средбата беа македонските европски интеграции, партнерството во НАТО, војната во Украина и последиците од неа, како и глобалната економска и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека во рамки на официјалната посета е предвидено Дуда да го одликува Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот орел, додека Пендаровски ќе го одликува Дуда со Орденот „8 Септември“.

Според соопштението, Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда попладне ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставниците на полските комори и бизниси и македонските претставници од бизнис-секторот.

TRT Balkan
Популарни