Словенечката претседателка на социјалната мрежа Х побара прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар објави видео порака во врска со се потешката ситуација во Појасот Газа, кој е изложен на брутални израелски напади и опсада.

„Советот за безбедност на Обединетите нации не е наменет да им служи на тесните интереси на земјите, туку да седне и да дејствува во име на човештвото. Поради оваа неодговорност, добиваме слики од Газа кои не тераат да ги затвориме очите, во ужас и срам. Мртвите, ранетите, болните, па дури и изгладнетите деца не се прашање на политика и државни интереси, сојузи и меѓународна поддршка или самоодбрана. Тоа е едноставно злосторство и негирање на секоја човечност“, се вели во пораката на Пирц Мусар. објавено на социјалната мрежа Х и додаде:

Taa ги повика земјите-членки на Советот за безбедност да престаамнат со злосторства.

“Советот за безбедност да нареди прекин на огнот во Газа. Ги повикувам земјите-членки на Советот за безбедност, кои ја имаат таа моќ, да го вратат барем основното достоинство на луѓе кои страдаат и умираат во Газа. Ова би овозможило прекин на огнот, барем донекаде“, вели Мусар.

Како што рече таа, како членка на Советот за безбедност на ОН, Словенија ќе продолжи да се труди да постигне прекин на огнот и итна хуманитарна помош за цивилите во Газа во согласност со нејзините можности, знаење и искуство.

„Целата совесна домашна и меѓународна јавност бара прекин на огнот пред почетокот на месецот Рамазан. Како претседател на Словенија, јас сум подготвен активно да учествувам во тие напори во секое време“, објави Пирц Мусар.

На крајот таа истакна дека никогаш нема да биде заборавен страшниот масакр од страна на Хамас како и израелската политика на колективно казнување на Палестинците.

„Но, Газа е и сегашноста, како и иднината. Во време на масовни злосторства врз цивилното население, правото на вето едноставно повеќе не е легитимно. Потребна е итна акција од страна на Советот за безбедност, со резолуција која јасно ќе каже до Израел: Она што се случува во Газа, како и на Западниот Брег, тоа е спротивно на Повелбата на ОН. Само една нација е доведена во прашање, во оваа војна, тоа е Палестинската. На неа итно и треба мир и хуманитарна помош. Веднаш, вели претседателката на Словенија.

TRT Balkan / агенции
Популарни