Ги повикувам сите политички актери да го спуштат гласот, кампањата заврши, народот кажа што мисли, рече Пленковиќ во Брисел / Photo: AA

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, лидер на ХДЗ, која со своите партнери освои 61 место во парламентот на парламентарните избори, пет помалку од изборите во 2020 година, тврди дека партиите од коалицијата „Реки на правдата“, собрани околу СДП, немаат теоретски шанса за формирање влада.

„Исклучителни се луѓето кои отворено го поддржуваа претседателот на државата Зоран Милановиќ во работата што му наштети и на него и на оние што сакаше да ги поддржи. Они не ни ја честитаа победата. По затворањето на гласачките места никој не му честиташе на победникот, тоа најверојатно го научија од Милановиќ. Тој комплекс очигледно го прогонува. Најлошото го копирале од него. Ги повикувам сите политички актери да го спуштат гласот, кампањата заврши, народот кажа што мисли“, рече Пленковиќ во Брисел, од каде замина веднаш по изборната ноќ.

„Милановиќ се вплете во изборната игра, грубо ги прекрши своите овластувања. Сите што го поддржаа го кршат Уставот. Оваа негова диверзија целосно пропадна, тој е човек кој чудно се однесува. Им порачувам на сите партнери, ако ви се јави Милановиќ, не му верувајте. Направи голема штета на СДП, го уништи Грбин кој непотребно беше на чело на СДП четири години“, рече Пленковиќ.

Вели дека порано ќе се врати од Брисел, бидејќи му се брза да преговара за формирање парламентарно мнозинство.

Тој им порача на партиите да се однесуваат како сите други актери во другите демократии кога ќе завршат изборите.

„Се упатуваат честитки до победникот и разговорите продолжуваат, а не се работи за тоа оние што не добиле мнозинство да поттикнуваат некои мали партии - „ајде да составиме квазинационална коалиција против тој што добил најмногу“. Така тоа нема да оди. Ако „Реки на правдата“ освоеа 60 мандати јас ќе им честитав, порача Пленковиќ.

Тој рече дека се слушнал со „многу сериозни партии и луѓе“ и рече дека ќе разговара со оние кои се сериозни и подготвени и за формирање мнозинство.

„Нема теоретски шанси СДП да формираат влада, ниту би било правилно. Во наредните денови ќе се посветиме на разговори. Народот не им веруваше на поразените. Ако победиме во Загреб, тогаш и загрепчани се за ХДЗ. Сите мора да го сфатат тоа, мора да го спуштат тонот. Згрешивте, го прекршивте Уставот, зборувавте за влада на национален спас... Глупава е тезата за поробени институции, затоа што тогаш ниту ЕППО ниту ДОРХ немаше да покренат постапка против никого, а камоли за случаи од висок профил “, рече меѓу другото Пленковиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни