Мостот помеѓу местото Комарна и градот Бријест на полуостровот Пељешац, долг 2.404 метри, го поврзува крајниот југ со остатокот од Хрватска по копнен пат.     Фото: ХИНА

Два дена по пуштањето во сообраќај на Пељешки мост, во екот на туристичката сезона во Хрватска, бројот на патници на граничниот премин Клек е за 42 отсто помал од минатата недела, изјави хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

„Ова е потврда колку беше потребна изградбата на мостот, не само за нашите, туку и за странските туристи во Хрватска“, рече Божиновиќ.

Во присуство на голем број гости, во вторникот вечерта свечено беше отворен за сообраќај Пељешкиот мост, еден од најголемите и најскапите проекти во модерна Хрватска.

Мостот помеѓу местото Комарна и градот Бријест на полуостровот Пељешац, долг 2.404 метри, го поврзува крајниот југ со остатокот од Хрватска по копнен пат.

AA
Популарни