Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Сифет Поџиќ рече дека решението на сите предизвици на Западен Балкан е полноправно членство на државите во НАТО Алијансата.
Поџиќ на 2BS Форумот во Будва истакна дека ќе направи се БиХ што поскоро да стане полноправна членка на НАТО.
„БиХ е моментално единствената земја која во Акциониот план за НАТО. Многу важна работа е што НАТО по Дејтонскиот договор е задолжен за спроведување на воениот дел на тој Дејтонски договор. Босна и Херцеговина во 2005 година не би успеала да ги изврши реформите во тој воен дел без помош и поддршка на НАТО. Тогаш направивме единствени Вооружени сили и до денес стигнавме на чекор до полноправно членство во НАТО“, рече Поџиќ.
Тој даде полна поддршка на народот на Украина, за кој рече дека е под агресија на Русија.
„Давам полна поддршка на украинскиот народ и Украина, како пензиониран генерал од војната во БиХ. Поддршката на Украина во борбата за зачувување на независноста, но и зачувување на универзалните вредности. За мене НАТО е приоритет и решение за Западен Балкан е полноправно членство во НАТО Алијансата. Ќе дадам се од себе БиХ што поскоро да биде полноправна членка на ЕУ“, рече Поџиќ.