Потсетување на стравичните злосторства во Вишеград / Photo: AA Archive

Денес се навршуваат 31 година од стравотното злосторство во улицата „Пионерска“ во Бикавац, Вишеград, во Босна и Херцеговина (БиХ).

Во „живи клади“, во куќата на Адем Омерагиќ во улицата „Пионерска“ во Бикавац, на 14 јуни, а нешто подоцна и на 27 јуни 1992 година во куќата на Мехо Аљиќ, живи се запалени повеќе од 140 жени, деца и старци. Најмладата жртва, бебе во мајчина прегратка, во улицата „Пионерска“ било родено два дена претходно и немало ниту име.

Ова злосторство претставува едно од најстрашните воени злосторства што се случиле во текот на агресијата над БиХ, но и меѓу злосторства што се случиле кон крајот на дваесеттиот век.

Злосторството познато како „жива клада“ се случи на 14 јуни 1992 година, кога припадниците на паравоената формација „Одмаздници“, на чело со најкрволочните злосторници од Вишеград, Милан и Средое Лукиќ, натерале околу 70 бошњачки цивили да влезат во куќата на Адем Омерагиќ, во улицата „Пионерска“ во Вишеград, главно жени и деца, каде што ги заклучиле, а потоа ја запалиле куќата.

Во куќата фрлиле бомба, а пукале врз оние кои се обидувале да се спасат бегајќи низ прозорец. Повеќето од жртвите биле од селото Коритник. По нив дошле Лукиќ и Митар Васиљевиќ и им наредиле да влезат во автобуси, кои наводно требало да одат во слободните територии, во Кладањ. Најмладата жртва на ова грозоморно убиство била родена само пред два дена.

За злосторството во улицата „Пионерска“, со правосилна пресуда на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија на доживотна казна затвор е осуден Милан Лукиќ, а Средое Лукиќ е осуден на 27 години затвор. Во јуни 2018 година, на БиХ ѝ е екстрадиран Радомир Шушњар, кој во 2021 година правосилно е осуден на 20 години затвор.

TRT Balkan / агенции
Популарни