Како резултат на употребата на електрични тротинети во Словенија годишно се повредуваат 700 лица, а некои завршуваат со тешки повреди на главата, предупредија надлежните служби во Љубљана.
Поради тоа, на граѓаните треба да им се сврти вниманието кон претпазливост и правилна употреба кога се користат електрични тротинети.
Повеќето повреди се случуваат токму поради неправилно користење на електричните тротинети- од гребнатини до посериозни повреди на главата.
Како што рече Урош Томинц, раководител на Ургентниот хируршки блок на УКЦ Љубљана, годишно се лекуваат помеѓу 650-700 лица повредени на електрични тротинети.
Тој исто така предупреди дека меѓу пет и десет отсто од нив остануваат во болница.
„Некои кои се лекуваат од сериозни повреди на главата се борат за живот, а некои умираат. Во моментов двајца пациенти се лекуваат во УКЦ Љубљана поради тешки повреди здобиени во несреќа со електричен скутер“, рече Томинц.