Пратеници на Европскиот парламент бараат бесплатен роаминг на Балканот

Повеќе од 80 пратеници на Европскиот парламент упатија писмо до претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лејен со барање бесплатниот роаминг да се прошири на Балканот.

„Особено сега е важно сите кои ги делат нашите европски вредности да се собереме под еден кров“, се наведува во писмото.

Иницијативата е покрената од шефицата на делегацијата на Народната партија на Австриај (ОВП) во Европскиот палрманет Ангелика Винзиг, која воедно е и главен преговарач за продолжување на бесплатен роаминг во ЕУ.

Винзиг нагласи дека вештачките граници на пазарот на телекомуникации мораат да бидат укинати, а важен чекор на патот кон тоа води преку проширувањето на бесплатниот роаминг на земјите на Балканот.

„Запирање на неоправданата наплата на високите цени за телефонски разговори и мобилно користење на интернетот за граѓаните на Балканот во ЕУ, и обратно, е важен чекор за да додатно се приближат луѓето и да се зголеми конкурентноста на мобилните оператери“, објасни таа.

Во писмото пратениците истакнуваат дека поддржувааат вклучување на Украина во зоната на бесплатен роаминг во ЕУ, како и дека фокусот треба да биде насочен на земјите од Балканот.

„Државите на Западен Балкан докажаа дека се доверлив партнер на ЕУ. Со препораката на Европската комисија на 12 октомври на БиХ да ѝ се додели кандидатски статус, преземен е уште еден чекор од повеќе милји во областа на политиката на шиењето на ЕУ“, се наведува во писмото.

Пратениците наведуваат дека е јасно оти пристапните преговори со државите од регионот ќе траат уште некое време и дека со укинувањето на наплатата на роамингот би можело уште отсега да се преземе важен чекор кој би овозможил приближување на Балканот кон ЕУ.

Европската комисија е повиката што поскоро да ја направи мапата на патот за остварување на ова барање.

TRT Balkan / агенции
Популарни