Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) во понеделник наутро ги објави прелиминарните резултати од изборите за член на Претседателството на Босна и Херцеговина врз основа на 84,75 отсто од обработените избирачки места во Федерацијата БиХ и 85,35 отсто обработени во ентитетот на Република Српска.
На изборите за член на Претседателството на БиХ од редот на бошњачкиот народ, кој се избира директно од територијата на ентитетот Федерација БиХ, кандидатот на здружената опозиција Денис Беќировиќ освои 268.197 гласови (57 отсто), кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ доби 178.054 гласови (37,84 отсто), а кандидатот на Платформата за напредок Мирсад Хаџикадиќ 24.270 гласови (5,16 отсто).
На изборите за член на Претседателството на БиХ од редот на хрватскиот народ, кој исто така се избира директно од територијата на ФБиХ, како што соопшти ЦИК, кандидатот на Демократскиот фронт (ДФ) Жељко Комшиќ освоил 183.529 гласови ( 53,61), додека кандидатката на Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) Борјана Кристо освоила 158.781 глас (46,39 отсто).
Жељка Цвијановиќ, кандидатка на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик за член на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ, освои 275.175 гласови (52,87 проценти). Кандидатот на Српската демократска партија (СДС) Мирко Шаровиќ освоил 185.828 гласови (35,70 отсто), кандидатот на Демократскиот народен сојуз (ДНС) Ненад Нешиќ 28.870 гласа (5,55 отсто), кандидатот „Обединети за слободна Босна и Херцеговина“ Војин МИјатовиќ 23.781 глас (4,57 отсто).