Премиерот Курти најави дека Косово ќе поднесе барање за членство во ЕУ / Photo: AA

Премиерот на Косово Албин Курти денес на седница на Владата најави дека Косово оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европската Унија (ЕУ).

Курти во своето воведно излагање потсети дека Косово пред година дена, на годишниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, најави дека оваа година ќе поднесат барање за членство во ЕУ.

„Дојде време статусот на потенцијален кандидат, кој ни е познат одамна, официјално да се претвори во статус на кандидат, преминувајќи во нова фаза на односите со Европската Унија. И тоа е во согласност со аспирациите на нашите граѓани, кои длабоко веруваат дека нашата иднина во Европската унија е во демократските држави, со кои ги споделуваме заедничките вредности на слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото“, рече Курти.

Премиерот посочи дека пред една недела на Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тирана во заедничка изјава Европската унија повика на забрзан процес за членство. Затоа, според него, апликацијата на Косово е одговор на ветувањето што Европската унија му го даде на регионот за членство од самитот во Солун во 2003 година, но и директен одговор на поканата од пред една недела на самитот во Тирана.

Курти рече дека во споредба со земјите од регионот во времето кога аплицирале за членство во ЕУ, Косово е подобро подготвено, објаснувајќи го тоа со напредно законодавство усогласено со Европската унија, стабилни институции и целосни капацитети да одговори на прашалникот на Европската унија, како и со најдобри показатели за владеење на правото во регионот.

Договорот за стабилизација и асоцијација досега е единствен договорен однос помеѓу ЕУ и Косово и стапи на сила на 1 април 2016 година.

Од 27 земји членки на ЕУ, Косово не го признаа пет држави Грција, Шпанија, Грчка администрација Јужен Кипар, Романија и Словачка.

TRT Balkan / агенции
Популарни