Увидот во Бањска траеше до вчера, по што полицијата дозволи влез и излез од селото / Photo: AA

Косовската полиција утрово потврди дека врши претреси на пет локации во три општини на северот на Косово.

„Акцијата се спроведува во врска со неодамнешните настани во селото Бањска“, соопштија од полицијата.

Полициската акција ја водат надлежните единици на косовската полиција, со присуство на обвинител на лице место.

„Косовската полиција во оваа прилика ги известува граѓаните дека не треба да се грижат. „Косовската полиција ја спроведува наредбата на надлежниот суд за контрола во координација со ЕУЛЕКС и КФОР“, посочуваат од полицијата.

Околу три часа по полноќ на 24 септември, во Бањска во општина Звечан, во напади врз единици на косовската полиција беше убиен Африм Буњака, а полицаецот Албан Рашити беше ранет.

Во полициската акција беа убиени и тројца напаѓачи, сите локални Срби.

Увидот траеше до вчера, по што полицијата дозволи влез и излез од селото.


AA
Популарни