Приштина ја очекува година на спортски настани и инвестиции во инфраструктурата / Фото: TRT Balkan

Приштина, главниот град на Косово, е прогласена за европска спортска престолнина за 2024 година.

Информацијата за одлуката на Европскиот парламент ја соопшти градоначалникот Перпарим Рама по церемонијата во Брисел.

Тој порача дека Приштина следната година ќе биде дестинација и центар на многу спортски активности.

„Среќен сум што можам да ја споделам со вас фантастичната вест дека Приштина е прогласена за европски град на спортот за 2024 година! Оваа титула е доказ за нашата непоколеблива посветеност да создадеме град кој негува здрав живот, инклузивност и гостопримство. Нè очекува година полна со спортски настани, ангажман на заедницата и инвестиции во спортската инфраструктура“, изјави Рама.

Според него ова е можност градот да го насочи фокусот кон важноста на спортот за поздрава и посветла иднина.

Градоначалникот Рама го проследи прогласувањето во придружба на Киана Криезиу која е прва скијачка од Косово која учествувала на Зимски олимписки игри Пекинг 2022 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни