Во Загреб се одржува Конференцијата на амбасадорите,генералните конзули и воeните претставници на Хрватска со претставници на хрватската дипломатија, членови на владата и други гости.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во изјава по воведниот дел на конференцијата, порача дека хрватските дипломати добиле инструкции за понатамошната работа.
„Позицијата на хрватската диплматија никогаш не била попредизвикувачка од денес во изменетото геополитичко опкружување”, изјави Радман.
Тој го повтори официјалниот став на Владата на Хрватска за обвинувањата кои од Србија се упатени кон хрватските команданти и пилоти поради возудшното ракетирање на колоните бегалци во војната во деведесеттите години.
„Таа тема е исполитизирана. Хрватска ја доби татковинската војна, сите обвинувања кои сега доаѓаат од Србија се исполитизирани. Хаг го кажа своето, воената операција „Олуја“ беше чиста и оправдана како солза и тука нема никакви спорни теми”, изјави Радман.
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, кој исто така беше на средбата во изјавата се осврна на изборниот закон во Босна и Херцеговина. Човиќ оцени дека темата за негова измена веќе две години е на маса, но се уште без постигнат договор за измена.
Човиќ ги коментираше досега донесените одлуки на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит и порача дека во истиот пакет требале да бидат донесени и одлуките во врска со Претседателството на БиХ и изборот за Домот на народите на БиХ.
„Очекувам дека високиот претставник ќе ја заврши таа работа. До општите избори во Босна преостануваат уште шест денови”, истакна Човиќ.