Судот смета дека нема опасност Радоичиќ да избега / Photo: AA

Милан Радоичиќ, поранешниот лидер на Српска листа, кој призна дека ја организирал групата која во нападот на 24 септември уби припадник на косовската полиција кај селото Бањска, е ослободен по вчерашното приведување.

Вишиот суд во Белград го одбил предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела- здружување заради извршување кривични дела, недозволено изработување, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи како и тешки кривични дела против општата безбедност. Судот му изрече забрана на Радоичиќ да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот, а забраната се однесува и за влез на Косово и Метохија. Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за одредување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот.

За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Белград вчера соопшти дека Радоичиќ за време на сослушувањето негирал дека ги сторил кривичните дела.

Горан Петронијевиќ, адвокатот на Милан Радоичиќ, пред неколку дена одржа прес-конференција на која го прочита неговото писмо до јавноста. Во него, меѓу другото, Радоичиќ рече дека „заедно со моите сонародници од Косово и Метохија, на 24 септември дојде на северот на Косово и Метохија, во регионот на Бањска, а причината за нашето доаѓање беше да ги поттикнеме нашите луѓето да се спротивстават на теророт на Аљбинскиот режим Курти и да создадат услови за остварување на сонот за слобода“,

TRT Balkan / агенции
Популарни