Рама: Берлински процес и Отворен Балкан се комплементарни иницијативи / Photo: AA

Берлински процес и Отворен Балкан се комплементарни иницијативи една на друга и се неопходни, оцени премиерот на Албанија Еди Рама на заедничката конференција со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

На конференцијата, по завршување на заедничката седница на владите на двете држави во Подгорица, Рама рече дека Отворен Балкан е неопходен за да заживее ритамот на сето она што се вредности и барања кои произлегуваат од Берлинскиот процес. Рама му се заблагодари на Абазовиќ за ангажирањето околу самитот на Отворен Балкан.

„Воедно сакам да се заблагодарам што изрази желба да се организира самитот на Отворен Балкан тука во Црна Гора, во јуни, земјаќи в предвид дека самитот на Берлинскиот процес ќе биде во Тирана на есен“, наведе Рама.

Тој рече дека нема спротивставување помеѓу Берлинскиот процес и Отворен Балкан. „Тие две иницијативи се комплементарни една на друга ѝ се неопходни“, смета Рама.

Тој рече дека денес во Подгорица уште еднаш „го почувствувале топлото добредојде и афирмација на братството меѓу нас“.

„Се среќаваме во време на предизвици и за Европа и за нашиот регион и во тој контекст важноста на ова братство и соседство изгледа многу поголема“, рече Рама.

Албанскиот премиер потсети дека тој и Абазовиќ заедно ги посетиле Киев и украинскиот претседател Владимир Зеленски, наведувајќи дека „Црна Гора и Албанија се на страната на Украина од самиот почеток на руската агресија.“

„Нашата посета на Киев и заедничките напори на сите овие фронтови претставуваат основа на врската која има голем потенцијал да се продлабочи и зајакне уште повеќе“, рече Рама.

Тој рече дека Европската унија (ЕУ) станала многу поотворена кон Западен Балкан, од аспект на геополитички пристап.

Според рама, брзината кон ЕУ зависи и од регионалната соработка.

„Со потпишувањето на договорот придонесовме одредени идеи да заживеат, официјализиравме изградба на мост на Бојана со што ќе се скрати растојанието меѓу Црна Гора и Албанија“, рече Рама.

TRT Balkan / агенции
Популарни