Нашата амбиција е новото комерцијално пристаниште Драч да стане најважниот стратешки јазол на целата комерцијална циркулација со Западот и со се друго надвор од западната страна и Западен Балкан, рече премиерот на Албанија, Еди Рама за време на презентацијата на проектот за изградба на новото пристаниште Драч во Порто Романо од холандското студио „Royal Haskoning DHV“.
„Ова е пристаниште кое ја носи регионалната соработка на друго ниво. Затоа, овој процес го започнавме на прво место паралелно со Косово, како што ја започнавме работата со железницата, ја поддржавме физибилити студијата за сувото пристаниште во Приштина и ја убедивме ЕУ да го финансира Коридорот 8“, рече Рама.
Драч, според премиерот Рама, со векови се смета за „таверна на Јадранот“ и има важна димензија благодарение на „Патот Игнација“, кој го претвори Драч во најважното пристаниште на Медитеранот.
„Старата поговорка од Римската империја дека „сите патишта водат во Рим“ благодарение на „Royal Haskoning DHV“, ќе направи сите патишта на Западен Балкан да водат до Драч. Денес сме во 21 век и доцниме. Да почнеше оваа работа пред 30 години, денес ќе ги жнеевме плодовите. Но, оваа работа почнува денеска бидејќи созреаа условите да имаме комерцијално пристаниште достојно на 21 век“, рече тој.
Премиерот увери дека „Драч, почнувајќи од поврзувањето со Косово и Северна Македонија преку Приштина и Струга, ќе му даде на овој регион сосема поинаков лик и капацитет“.
Првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, кој учествуваше на презентацијата на проектот на новото комерцијално пристаниште Драч во Порто Романо, рече дека автопатот со 6 ленти од Скопје до Ќафасан што ќе го намали растојанието Скопје -Тирана со 2,5 часа, додека Скопје-Валона за 3 часа.
„За да имаме пристап до пристаништето ја планираме железничката линија Скопје-Кичево-Поградец-Драч. Во јануари, ги спојуваме нашите две гранични контроли во една со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас и се надеваме дека тоа ќе го направиме со Косово во текот на следната година. Градиме и интерконективна енергетска линија меѓу нас со два проекта, станицата во Охрид и високонапонската линија Манастир-Елбасан“, рече Груби.
Новина на овие проекти, според Груби, е изградбата на сувото пристаниште во градот Струга во Северна Македонија.