Некои од медиумите во земјите од регионот, вклучитело и од Северна Македонија, вечерва пренесоа вест за запалени автомобили во Истанбул како нов терориситчки напад и се повикаа на непроверен профил на Твитер.
Во Истанбул вечерва избувна пожар на неколку автомобили кој со брза интервенција на пожарникарите е изгаснат.
Пожарот првично зафати автомобил во движење после што возачот го напушти возилото и побара помош. Пламенот потоа зафати и четири автомобили паркирани во близина, пред да стасаат да реагираат возилата на противпожарните единици.
За жал, јавноста во земјите од регионот погрешно е информирана дека е во прашање нов терористички напад.
Имено, бројни медиуми од регионот пренесоа вест од непотврден и непроверен профил на Твитер кој сподели и видео од запалените автомобили со напомена дека се работи за терористички напад.
Твитер профилот „LWNC” во тој момент имаше нешто повеќе од 30 следбеници а регистриран е овој месец.
Потсетуваме, Истанбул беше цел на терориситчки напад кој се случи во недела на 14 ноември, кога припадници на терориситчката организација ПКК/ЈПГ со активирање експлозив усмртија шест а повредија 81 лице.