Министерството за надворешни работи на Туркије изрази сочувство / Photo: AA

Република Туркије изрази подготвеност да помогне на секој потребен начин по поплавите што денеска ја погодија Јабланица и уште неколку други градови во Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Министерството за надворешни работи на Туркије изрази сочувство за страдањето на жителите како последица од поплавите и свлечиштата што следеа по обилните врнежи во Босна и Херцеговина.

„Нашата земја е подготвена да пружи секаков вид хуманитарна помош за пријателска и братска Босна и Херцеговина. Продолжуваме со нашите напори за идентификување на потребите и давањето помош во соработка со локалните власти“, се наведува во соопштението.

Најмалку 18 лица загинаа во текот на ноќта и денот како последица на катастрофалните поплави и лизгањето на земјиштето во Босна и Херцеговина.

Според последните информации од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, на подрачјето на Јабланица загинале 16 лица.

Претходно е соопштено дека во куќа во Фојница животот го изгубила и постара жена. Исто така, во местото Гојевиќи кај Фојница, во текот на денот од еден од поплавените автомобили е извлечено машко тело.

За жал, бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи сѐ уште се трага по неколку десетици луѓе во северна Херцеговина, но и во централна Босна, посочија официјални лица.

AA
Популарни