Романија и Бугарија утрово се приклучија на шенген зоната, иако некои гранични контроли ќе останат во сила.
Како резултат на тоа, контролите на лицата повеќе нема да се вршат на внатрешните воздушни и поморски граници, односно во воздушните и поморските пристаништа.
Земјите од ЕУ се договорија Бугарија да се приклучи на Шенген зоната на крајот на 2023 година. Одлуката за укинување на контролите на копнените граници ќе биде донесена подоцна, но пред крајот на 2024 година.
Шенген зоната е наменета да обезбеди неограничено движење на луѓето во Европа.
Сега вклучува 25 од 27-те земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Романија и Бугарија чекаа за влез во Шенген од 2011 година.
TRT Balkan / агенции