Рудници за литиум во Србија: Предизвик за балансот на односите Русија-Запад / Photo: AA

Рудниците за литиум во Србија претставуваат предизвик за балансот на односите на земјата со Русија и со западните земји.

Најблискиот сојузник на Русија на Балканот, Србија, се обидува да ги зачува историските и културните врски со Москва, истовремено продолжувајќи да соработува со западните земји за да ја зајакне својата економија.

Резервите на литиум, откриени во западниот град Лозница од страна на британско-австралиската компанија за метал и рударство „Рио Тинто“ во 2004 година, се причина за протестите во земјата со години.

„Еколошки активисти“, поддржани од опозицијата, организираа големи демонстрации бидејќи не сакаат „Рио Тинто“ да го спроведе овој проект. Српската администрација рече дека рудникот за литиум е можност за економски развој.

Договор за стратешко партнерство меѓу Србија и Германија за електрични возила

Српскиот претседател Александар Вучиќ минатиот месец во Белград се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц и потпиша стратешки меморандум за разбирање за суровини, електрични возила и производство на батерии.

Вучиќ рече дека договорот е важен за Европа и Германија.

„Ова е пресвртница за нас, голема и важна промена за нас за да можеме да направиме скок кон иднината... Веруваме дека нашата земја ќе напредува економски. Ова ќе ни донесе најмалку 6 милијарди евра нови инвестиции. Тоа ќе биде најголемата досега направена инвестиција во нашата земја“, рече тој.

Шолц истакна дека договорот носи добра перспектива за економски развој за рударските активности во регионот.

„Овој договор е добар и за целата земја. Ќе следиме два принципа, заштита на животната средина и почитување на највисоките стандарди за биодиверзитетот“, рече тој.

Истакнувајќи дека ова е европски проект кој бара европски дух, Шолц рече дека отворено ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Во моментов нема процес на ископување

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција минатата недела рече дека во моментов нема процес на ископување.

„Нема да се спроведе ниеден процес нема додека не ги добиеме гаранциите, односно во следните 12 до 18 месеци“, рече тој, додавајќи дека ќе ги повикаат најдобрите експерти од странство и Србија.

Руското разузнавање го предупреди Вучиќ за „државен удар“

На 9 август Вучиќ рече дека руското разузнавање го предупредило дека во земјата може да се изврши „државен удар“ со поддршка на западните сили.

„Добивме официјални информации од Русија. Работиме во врска со тоа... Србија се развива и никој не може да го спречи тоа“, рече тој.

Политичките експерти од регионот велат дека ЕУ сака да го отвори патот за ресурсите на Србија за да ја намали нејзината зависност од Кина, која во моментов е меѓу најмоќните инвеститори во Србија.

Продолжуваат демонстрациите против проектот за ископ на литиум

Во меѓувреме, над 20.000 луѓе протестираа против проектот за ископ на литиум и ги блокираа железничките станици и патиштата за сообраќај.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека ќе бидат поднесени кривични пријави против демонстрантите кои влегоа во железничките станици за „нарушување на јавниот ред и мир“.

Демонстрантите, кои ноќта ја минаа на железничката станица и во други делови од градот, ги продолжуваат демонстрациите денес.

AA
Популарни