РЗС: Србија реално има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година. / Photo: Tanjug

Иако според првите резултати од пописот Србија има околу половина милион жители помалку од 2011 година, се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави претставникот на Републичкиот институт за статистика (РЗС) Љиљана Ѓорѓевиќ.

Ѓорѓевиќ за државната телевизија на Србија (РТС) изјави дека и Нови Сад и Белград имаат негативен природен прираст, а зголемувањето на бројот на жители во тие градови се должи на имиграцијата, како и дека состојбата во главниот град не е иста во сите градски општини.

„Зголемен е бројот на жителите на Звездара, Вождовац, во Сурчин, Земун, Палилула. Кога ги гледаме и податоците за станбена изградба, највеќе во тие градски општини и се градеше, луѓето се доселуваа“, рече Ѓорѓевиќ.

Таа додаде дека како и во некои белградски општини, порастот на бројот на жители забележан е и во Нови Пазар, Тутин и Нови Сад.

„Што се однесува до општините Белград и Нови Сад, главната причина за зголемувањето на бројот на жители е имиграцијата на населението, бидејќи и Белград и Нови Сад имаат негативен природен прираст“, ​​рече Ѓорѓевиќ.


Таа додаде дека во резултатите од пописот биле вклучени околу 200.000 жители, „за кои откривме дека се тука, во Србија, работат, студираат, но од некоја причина попишувачот не ги нашол или поради некоја причина не сакале да бидат попишани“.

„Така да кога реално ќе ја погледнеме ситуацијата, некаде околу 760.000 е падот на бројот на жители во однос на минатиот попис во 2011“, истакна Ѓорѓевиќ.

Според неа, просечен жител на Србија има 43,5 години, што е значаен пораст во однос на пописот од 2011 година, кога просечната старост била 42,2 години.

Пописот на населението и домаќинствата во Србија е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Во неколку поголеми градови теренското собирање податоци е продолжено до 7 ноември. Исто така на граѓаните кои од било кои причини не се попишани овозможено им е телефонско попишување до 17 ноември 2022 година.

Според првите резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Република Србија живеат 6.690.887 жители.

Конечните резултати од пописот ќе бидат објавувани сукцесивно, и тоа од април 2023 до јуни 2024 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни