Двајцата лидери на заедничката прес-конференција упатија пораки за дијалог и унапредување на соработката / Photo: AA

Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави ја поздрави средбата помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„САД силно ја поздравуваат средбата помеѓу турскиот претседател Ердоган и грчкиот премиер Мицотакис“, изјави за АА еден од портпаролите на американското Министерство за надворешни работи.

„САД ги поддржуваат билатералните средби на секое ниво со цел Грција и Туркије да работат заедно за зголемување на мирот, безбедноста и благосостојбата во регионот“, се вели во изјавата на портпаролот.

Во рамки на посетата на Атина, Ердоган и Мицотакис потпишаа неколку договори во рамки на Советот за соработка на високо ниво.

Двајцата лидери на заедничката прес-конференција упатија пораки за дијалог и унапредување на соработката.

AA
Популарни