САД и Канада денеска го одбележаа геноцидот во Сребреница, кој се случи пред 29 години во 1995 година.
Во чест на жртвите и на преживеаните, двете земји го истакнаа значењето на денот како прв Меѓународен ден на размислување и комеморација на геноцидот во Сребреница одреден од ОН.
„Американскиот народ му се придружува на народот на Босна и Херцеговина во оддавањето почит и жалењето за повеќе од 8.000 мажи и момчиња кои беа убиени во јули 1995 година“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Милер ја истакна солидарноста на американскиот народ со народот на Босна и Херцеговина, почитувајќи го споменот на изгубените и кои ги поддржуваат семејствата кои сè уште бараат правда.
„На овој свечен ден, соодветно е да решиме да го осудиме негирањето на геноцидот и да се посветиме на работата низ меѓународната заедница за да ги спречиме идните масовни злосторства“, рече тој.
Милер исто така ја потврди посветеноста на САД за поддршка на Босна и Херцеговина во нејзината потрага по посветла и поправедна иднина.
Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Џоли, посебно го истакна длабокиот ефект на геноцидот, во кој беа раселени повеќе од 20.000 жени и деца.
„Денес го почитуваме споменот на жртвите на масакрот и ги признаваме длабоките и вградени емотивни лузни кои ги носат преживеаните и нивните најблиски, додека тие продолжуваат да се обидуваат да заздрават од овој трагичен настан“, се вели во изјавата на Џоли.
Поздравувајќи ја како што вели инзвонредната храброст и издржливост на преживеаните, Џоли ја повтори поддршката на Канада за нивната тековна борба за правда.
Укажувајќи на актуелните геополитички тензии на Западен Балкан, Џоли ја нагласи посветеноста на Канада за одбрана на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната, и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
Таа ја потврди поддршката на Канада за присуството на НАТО во регионот за да се обезбеди мир и стабилност.
„Додека ја одбележуваме 75-годишнината од НАТО оваа недела во Вашингтон, Канада, исто така, ќе продолжи да го поддржува присуството на НАТО на Западен Балкан со цел да се поддржат мирот и стабилноста во регионот. Никогаш не смееме да ја заборавиме Сребреница“, рече таа, нагласувајќи ја важноста на сеќавањето, правдата и спречување на идни злосторства.